Џејми Варди останува лојален на Лестер до 2019 година!

Фудбалерот на Лестер, Џејми Варди, го продолжи договорот со клубот до 2019 година.

vardy

Варди, е прв стрелец во лигата со 18 голови од 24 натпревари, а стана нов рекордер откако на 11 последовни натпревари постигнуваше најмалку по еден гол, а тој е член на Лестер од 2012 година.

,,Никогаш не сум почувствувал ваква атмосфера, сакам долго време да сум дел од тимот. Лестер веруваше во мене од почетокот и не можам да опишам колку тоа ми помогна да напредувам. Знам дека засекогаш ќе им бидам благодарен и дека секој ден ќе се обидувам да им се одолжам на овие луѓе“, изјавил Варди.

Варди го потпиша договорот по натпреварот во Манчестер, каде Лестер славеше над Сити со 3:1 и остана на челната позиција во Премиерлигата со 53 бода.

Според новиот договор, тој треба да заработува 80.000 фунти неделно, што е речиси двојно во однос на досегашните 45.000 фунти.

Со оваа информација се отстранети бројните шпекулации дека Варди ќе премине во редовите на Манчестер јунајтед или Челси.