ЕХФ ја рангираше Македонија на 11 место!

Loading

ЕХФ го објави официјалното рангирање на европските репрезентации според настапите и резултатите во 2014 и 2015 година.

makedonski-navivaci

Според нив земени се во предвид вкупните учиноци како на сениорските, така и на репрезентациите во младите категории, а Македонија е на 11.позиција во машка и на 19-та во женска конкуренција.

При пресметувањето, земени во предвид настапите на сите селекции на Македонија во 2014 и 2015 година, но не е вкалкулиран настапот од Европското машко сениорско првенство што во Полска се одржа во јануари 2016 година.

Според вкупното рангирање, Македонија е на 18-то место, но за очекување е дека пласманот ќе се подобри пред се поради тоа што нашата сениорска машка репрезентација оствари подобар пласман на последното ЕП од 6 од осумте репрезентации кои моментално држат некоја од 10-та до 17-та позиција, а тоа се Унгарија, Словенија, Холандија, Црна Гора, Исланд и Србија.