Еден од двајцата браќа Бабунски потпиша за белградска Црвена Звезда.
Станува збор за Давид Бабунски кој и официјално е нов играч на Звезда, а потпиша договор до јуни 2018 година.
Според условите во договорот, Давид Бабунски потпишува договор за сума од 120.000 евра годишно, или вкупно 300.000 евра за верност до 2018.
Се шпекулира дека и неговиот брат Доријан Бабунски кој настапува за Реал Мадрид ова лето исто така ќе потпише со црвено-белите, а работата е начелно договорена.
„Ќе почекаме до јуни, и за Доријан Црвена Звезда нема да мора да плати отштета тогаш, туку само задолжителната тренинг компензација“ – изјавил менаџерот на Бабунски, Миломир Чурчиќ.