Бранислав Ивановиќ потпиша нов едногодишен договор со Челзи и на тој начин стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и заминувањето од Стемфорд Бриџ.
Бане имаше неколку понуди пред се од Интер и Фиорентина, а сериозно размислуваше за преселба на Апенините, но на крајот одлучи да остане верен на сините уште една сезона.
Челзи оваа сезона игра катастрофално лошо во Премиер лигата, и моментно се наоѓа на 14. позиција на табелата.
Ивановиќ е во Челзи од 2008 година, а претходно во неговата кариера има настапувано за Срем, ОФК Београд и Локомотив Москва.