Вики Азаренка освои турнир по 2,5 години пауза, а во Бризбејн по 7 години

Викторија Азаренка од Белорусија е победничка на првиот ВТА турнир во 2016 година, откако успеа да го освои трофејот во Бризбејн, Австралија.

azarenka

По паузата поради повреди, Азаренка конечно се врати во одличен натпреварувачки ритам и ја покажа својата класа на овој ВТА турнир од серијата 250.

Во финалето Викторија Азаренка ја совлада Анжелик Кербер од Германија со 2-0 во сетови 6-3 и 6-1.

За Азаренка ова е прв освоен турнир по пауза од две и пол години, а во Бризбејн повторно е најдобра по пауза од 7 години.