Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска оствари работна средба со француската амбасадорка во Република Македонија, Лоренс Оер.
Повод за средбата беше разгледување на можностите за соработка помеѓу Агенцијата за млади и спорт и Француската амбасада, но и можноста за соработка на младинските организаци од двете држави во реализација на проекти од заеднички интерес.
Спасески ја запозна амбасадорката Оер за активностите на Агенцијата за млади испорт во делот на спортот и подобрување на спортската инфраструктура.
Посебен фокус упати на младинските политики и иницијативата за воспоставување на Регионална канцеларија за млади на Западен Балкан (RYCO).
Соговорницитедискутираа за досега преземените чекори во насока на имплементација назаложбите на државите потписнички на Заедничката декларација за основање на оваа регионална канцеларија за млади.
Спасески информираше за формирањетона работна група, составена од претставници на невладини и младинскиорганизации и државни институции,како поддршка на претставниците коиучествуваат во овој процес, што беше позитивно оценето од страна на Оер.
Спасески и Оер договорија и следни заеднички активности во пресрет на Самитот во Париз, на кој меѓудругото ќе се дискутира за напредокот во RYCO – процесот.
Соговорниците договорија и заеднички проект во делот на спортот, кој би сереализирал во пресрет на Европското првенство во фудбал, чиј домаќин ќе биде Франција, а со кој би се извршила размена на искуства меѓу македонски и француски млади фудбалери, а ќе се разгледа можноста во посета на Македонијада дојде и некоја фудбалска ѕвезда од Франција.