Останавме на мизерното 138-мо место на најновата ФИФА ранг листа!

Loading

Фудбалската репрезентација на Македонија го задржа истото 138-мо место на најновата ранг листа на ФИФА.

makedonija

Промени нема ниту во Топ 10, каде прва е Белгија, пред Аргентина, Шпанија, Германија.

Шпанија има најдобар рејтинг од селекциите против кои Македонија ќе игра во квалификациите за пласман на Светското првенство 2018 во Русија.

Подобар рејтинг од нас имаат Италија на 15, Албанија на 36, Израел на 73, а според пласманот на ФИФА листата зад Македонија е единствено Лихтенштајн кои се наоѓаат на 165-тото место.

Првиот натпревар од квалификациите Македонија го игра на 5-ти септември кога играме нагости против Албанија.