АМС: Донесена Националната стратегија за млади за периодот 2016-2025

Од страна на Владата на Република Македонија беше усвoeна Националната стратегија за млади за периодот 2016-2025 година.

azm_logo_v3

Процесот на креирање на втората Национална стратегија за млади беше воден од Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Програмата за развој на Обединети Нации (UNDP).

Креирањето на овој документ е резултат на работни групи во кои беа вклучени учесници-претставници на невладини организации, институции и млади луѓе кои заеднички дискутираа за деветте приоритетни области кои се содржани во стратегијата: младинско учество, локална младинска работа, младинско информирање, вработување, образование, култура, спорт, здравје и квалитет на живеење.

По креирањето на нацрт текстот, стратегијата беше презентирана во рамки на јавните дискусии низ Република Македонија, по што како завршен настан на крајот на 2015 година беше одржана голема јавна расправа, која опфати учество на повеќе од 100 учесници.

Процесот на изработка на оваа стратегија беше еден од најинклузивните и транспарентни процеси во изработка на еден стратешки документ со учество на повеќе од 500 заинтересирани претставници од засегнатите страни во младинскиот сектор.

Овој документ ќе придонесе за подобрување на состојбата на младите во рамки на деветте области, а во текот на 2016 година се очекува Агенцијата за млади и спорт во соработка со релевантните институции да изработи Акциски план за спроведување на активностите предвидени со стратегијата.