АБА: Партизан и Црвена Звезда со победи го заокружија 25.коло

Loading

Белградските тимови Партизан и Црвена Звезда стигнаа до победи во предпоследното 25 коло во јадранската АБА лига.

par-ced

Партизан ја победи Цедевита убедливо со 82:61 и на тој начин и помогна на Црвена звезда да дојде до втората позиција на табелата во пресрет на плеј-офот.

Цедевита не го задржа второто место, кое во доигрувањето ќе и донесеше предност од домашен терен во најавените дуели со Црвена звезда, екипа која што важи за најголем фаворит кога е во прашање освојувањето на регионалната кошаркарска титула.

Тие во 25 коло остварија победа на гостувањето во Загреб кај Цибона со 94-83 и сега се на втората позиција на табелата во АБА лигата.

Останува да се доигра и последното коло, но тешко дека „црвено-белите“ ќе ја пропуштат укажаната шанса, за да се најдат на посакуваната позиција.

cib-crv

Преостанатата плеј-оф пресметка е помеѓу Будуќност и Мега Лекс.

Во ова коло опстанокот во јадранската лига го обезбеди и тимот на МЗТ Скопје, единствениот македонски претставник во ова натпреварување.

Тоа што во моментов останува непознаница е прашањето околу опстанокот на самата лига, бидејќи се уште е неизвесно дали од ова натпреварување ќе се обезбеди пласман во Евролигата.

Националните федерации од регионот, најавија дека ќе го преиспитаат учевството на своите претставници во АБА лигата доколку дојде до неочекуваната разврска.