Милан го доведе дефанзивецот Ромањоли од Рома за 25 милиони евра

Loading

Милан и Рома го потврдија трансферот на Алесио Ромањоли од „Олимпико“ на „Сан Сиро, а Милан по долги преговори со Рома конечно ја усогласија цената.

alessio-romagnoli

Ромањоли ќе пристигне на Сан Сиро за 25 милиони евра плус 5 милиони евра во име на бонуси. 20-годишниот Ромањоли е еден од најталентираните италијански дефанзивци и на Апенините уште го нарекуваат „новиот Неста“.

Минатата сезона настапуваше во Сампдорија каде тренер му беше токму Михајловиќ кој го побара Ромањоли од раководството на Милан.

Ромањоли треба да пристигне во Милано на медицински прегледи и потоа ќе потпише 5-годишен договор со „росонерите“.

Со тоа Ромањоли ќе стане вториот најскап италијански дефанзивец веднаш по Алесандро Неста, кој во 2002 година пристигна во Милан за 31 милион евра.