Уште еден мега трансфер очекуваме да се случи овие денови.
Станува збор за белгиецот Ромелу Лукаку кој се очекува по шампионската сезона во Интер да се врати назад кај европскиот шампион Челзи за сума рекордна во историјата на фудбалот, односно сума која ја платиле клубовите за да го видат овој човек во своите редови.
Тој треба да потпише за тимот на Челзи откако се веќе завршени речиси сите формалности околу доаѓањето на Лукаку во Лондон. Тој веќе ги минал медицинските прегледи во Милано и сега трансферот е 100% реализиран, само се чека негово официјализирање.
Лукаку штом пристигне во Англија ќе мора да оди во изолација. Се шпекулира сумата на трансферот да изнесува 115 милиони евра. Така напаѓачот се враќа на „Стемфорд Бриџ“ по пауза од 10 години.
Играше кратко за Челзи од сезоната 2011/12 каде настапи на 10 средби без даден гол само како резерва, а потоа во следните две сезони беше позајмен најпрво во Вест Бромвич, па Евертон каде остана до 2017 година и блесна во овој клуб со 53 гола од 110 натпревари.
Играше и за Манчестер Јунајтед и последен клуб му беше Интер со кој стигна до титулата во Италија. За клубот од Милано одигра 72 средби и постигна 47 гола.
Тој е исто така стандарден репрезентативец на Белгија.