Барселона-Баерн Минхен и Јуветус-Реал Мадрид се полуфиналните двојки во најелитното натпреварување во Европа, Лигата на шампионите.
Ова е епилогот по ждрепката која се одржа во седиштето на УЕФА во Нион во Лигата на шампионите.
Тоа значи дека Пеп Гвардиола се враќа на “Ноу Камп”, откако во полуфиналето го доби неговиот поранешен клуб Барселона, во борба за влез во финалето.
Актуелниот европски шампион Реал Мадрид ќе ги вкрсти копјата со италијанскиот првак Јувентус.
Првите полуфинални натпревари се играат на 5. и 6. мај, реваншите се седум дена подоцна, а големото финале ќе се игра на 6. јуни во Берлин.
Познати се двојките од полуфиналето и во второто по ранг клупско натпреварување на Стариот континент – Лига Европа.
За место во финалето Наполи ќе се бори со Днипро, додека бранителот на титулата Севиља ќе игра двомеч со Фиорентина.
Првите натпревари се играат на 7. мај, а реваншите се закажани за седум дена подоцна.