Гризман најдобар стрелец, Симеоне тренер, Атлетико ги собра сите награди од Примера!

Loading

Најдобриот стрелец во Примера Антоан Гризман и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се прогласени за најуспешни во Шпанското фудбалско првенство за изминатата сезона 2015/16.

гризман

Во изборот на капитените на тимовите од Примера, од трето пласираниот во ланското првенство, тимот на Атлетико награди уште добија, голманот Јан Облак и одбранбениот играч Диего Годин.

За најдобар играч од средниот ред е прогласен Лука Модриќ од екипата на Реал Мадрид, најдобар од нападот е Лионел Меси од Барселона, додека откритие на сезоната е Марко Асенсио од Еспањол кој настапуваше како позајмен фудбалер од Реал Мадрид.

награди

Луис Суарез од Барселона ја доби наградата за најдобар играч надвор од Европа, а интересно е тоа што главниот кандидат за „Златната топка“ Кристијано Роналдо остана без награди во Примера.