Веселин Вујовиќ и ракометниот клуб Загреб ја прекинаа соработката.
Хрватскиот шампион, загуби од Мешков Брест и го запиша четвртиот пораз во Лигата на шампионите.
Тоа беше и главната причина за разделба на црногорскот стратег и Загреб кој беше минатосезонски 1/4 финалист во Лигата на шампионите.
Клубот од почетокот на новата сезона е далеку од нивото кое играше изминатите сезони под палката на Вујовиќ.
Екс тренерот на Вардар, по поразот од Мешков Брест, најавил дека е подготвен да си замине доколку постои тренер кој може да му помогне на овој тим.
Вујовиќ во септември 2014-та стана тренер на Загреб и успеа да створи респектибилен тим, кој минатата сезона стигна до осумте најдобри во Лигата на шампионите.
Загреб, во наредното коло во Лигата на шампионите, на 22. октомври ќе го пречка Вардар.