Видео: Црвена Ѕвезда славеше кај Крка за 5-та победа по ред во АБА лигата

Loading

Кошаркарите на Ц.Звезда стигнаа и до 5-тата победа во АБА лигата совладувајќи ја Крка во Ново Место со 67-56.

крка-црвена з2

Домаќинот започна фуриозно со 11-4 но до крајот на втората четвртина црвено-белите дојдоа на +10.

Јовиќ со 14 поени беше најефикасен кај белграѓаните додека Стефан Луковиќ во домашниот тим постигна најмногу, 24 поени.

Со оваа победа Црвена Звезда им се приклучи на Партизан и Будучност со максимални 5 победи во 5-те кола во новата сезона во АБА лигата и со 10 бода се на врвот.

крка-црвена з1

Инсерти од мечот…