Челзи ги откачи Адидас поради Јунајтед и потпиша мега договор со Најк!

Loading

Челзи од наредната сезона ќе играат во опремата на американскиот производител „Најк“.

chelsea-nike_-preview

Клубот и спортската компанија договорија 15-годишна соработка според која лондонскиот тим ќе добие 900 милиони фунти.

Челзи реши да ја раскине соработката со „Адидас“ и на германскиот производител да му плати 40 милиони фунти, бидејќи еднострано го раскинува договорот.

chelseanike

Клубот од „Стенфорд Бриџ“, решил да ја раскине соработката со „Адидас“.

Главната причина е што Манчестер Јунајтед од оваа компанија добива годишно 75 милиони фунти.

che

Тоа е двојно повеќе од она што според договорот го добива моментално Челзи од спортската компанија.