МЗТ Скопје совладан и од Цедевита во АБА лигата, пораз од 82-61

Loading

Кошаркарите на МЗТ Скопје и по трет пат се поразени на стартот на АБА лигата.

цедевита-мзт

Металците нагости загубија од Цедевита во Загреб со 82-61.

МЗТ Скопје игра ослабено без своите двајца важни играчи во ротацијата, Дреновац и Лалиќ.

МЗТ нема игра во нападот, каде најчесто сé се сведува на чиста импровизаија и соло акции.

Против Цедевита не функционираше ниту скокот, односно „металците“ на противникот му дозволија 14 офанзивни скока.

Цедевита исто така не одигра ништо особено, стигна до првата победа во АБА сезоната по стартните порази од Будуќност и Црвена ѕвезда.

цедевита

Во текот на целиот натпревар Цедевита ја одржуваше разликата од 6 до 12 поени, а до убедливиот триумф домаќинот стигна во последните три минути со серија од 13-0.

Во последните 3 минути МЗТ имаше -8, 69-61, но потоа со неколку технички грешки му дозволија на противникот три контранапада, а Бабиќ и Билан погодија тројки за конечни 82-61.

Клоф го предводеше МЗТ со 16 поени, 7 скока и 6 асистенции, но и 8 загубени топки, а Симоновски постигна 15 коша сите од линијата за три поени.

цедевита-мзт1

На спротивната страна Билан беше најефикасен со 21 поен.

Инсерти од мечот…