Новак Џоковиќ од Србија во првото коло на олимпискиот турнир во Рио за противник го доби секогаш незгодниот аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро.
Ова двојка привлекува најголемо внимание, особено што Џоковиќ ќе „бара“ реванш за поразот од Дел Потро во мечот за бронзениот медал на Игрите во Лондон пред четири години.
Бранителот на златото од Лондон, Британецот Енди Мареј, како втор носител, во 1. коло ќе игра против Србинот Виктор Троицки, додека Рафаел Надал за ривал ќе го има Аргентинецот Федерико Делбонис.
Кај жените олимписката шампионка од Лондон, Серена Вилијамс во 1. коло ќе игра против Дарија Гаврилова од Австралија.
Најинтересен меч на стартот кај жените е дуелот помеѓу Гарбине Мугуруза и Јелена Јанковиќ.