Конечно среќата ги посака ракометарките на ЖРК Вардар на денешната ждрепка во Глоструб, Данска, каде беа одредени групите за следната сезона во Лигата на ракотните шампионки.
Нашиот претставник ќе игра во најлесната група Б во која противници на ЖРК Вардар ќе им бидат рускиот шампион Астраханочка, унгарскиот вицешампион ФТЦ и победникот од квалификациската група 2 во која се Лајпциг, Хипо, Бера Бера и Гомел.
Најинтересена е групата Ц во која ждрешката ги смести двата финалисти на годинашниот Фајнл Фор, Ѓер како носител и актуелниот европски првак Букурешт од вториот шешир, Митјиленд и Ростов Дон.
Натпреварите од групната фаза во ЛШ во женска конкуренција ќе стартуваат на 21-25 септември.