Погледнете го новиот рекорд на Новак Џоковиќ!

Loading

Новак Џоковиќ испиша нова страница во историјата на светскиот тенис.

новак

Тој во 2. коло на тенискиот гренслем Вимблдон славеше над Адријан Мараниро со 3-0 во сетови (6-4, 6-3, 7-6) и ја запиша 30-та победа по ред на турнирите од гренслем серијата.

Досега никој не успеал да забележи толкав број на победи по ред на гренслем турнирите, а со победата Џоковиќ го мина и славниот Род Лејвер кој во 1969 и 1970 година имаше 29 победи по ред.

Зад Џоковиќ и Лејвер е Роџер Федерер кој два пати имал низа од 27 триумфи на гренслем турнирите, но Швајцарецот никогаш не победил по ред на сите четири гренслем турнири.

Ноле пред еден месец го освои Ролан Гарос и стана првиот тенисер по Род Лејвер кој во исто време е сопственик на четирите најголеми титули во тенисот, но е првиот во историјата кој освоил четири гренслем титули во низа на три различни подлоги.

Секоја чест НОВАК!