ЛЕ: Работнички одигра нерешено 1-1 против Будуќност во првото квалификациско коло!

Loading

Фудбалерите на Работнички први ги отворија настапите на евро сцената од македонските претставници оваа сезона.

лига европа

Во рамките на првото квалификациско коло во првиот натпревар одигран во Скопје, Рабонички и Будуќност одиграа реми 1-1.

Работнички доминираше против црногорскиот преставник, два пати играчите на Томислав Франц ја погодуваа рамката од голот, вкупно упатија 14 удари кон противничкиот гол но само еднаш ја погодија целта.

Гостите од Подгорица го постигнаа првиот гол на мечот преку Јанкетиќ во 39.минута, а конечниот резултат го постави Елмазна на десет минути до крајот.

Реваншот ќе се одигра наредната недела во Подгорица.

рабонички-будуќност

Во другите средби Партизани-Слован Братислава 0:0, Капаз-Дачија 0:0 и Сент Патрик-Женес Еш 1:0.

Настап утре во рамките на Лига Европа ги очекува Силекс на гости кај Вадуз од Луксембург и Шкендија во Скопје против Краковија од Полска.