Започна тенискиот гренслем Вимблдон, уште на стартот изненадувања!

Loading

На терените во Лондон, започна третиот тениски гренслем во годината Вимблдон.

wimbledon22

Новак Џоковиќ е фаворит за освојување на титулата на највредниот тениски турнир. Засега има многу силна сезона и тешко е да се замисли дека некој може да го спречи да ја одбрани титулата од лани, што сезонава би му била четврта на тревата на Вимблдон.

Претходно Ноле го освои турнирот „Ролан Гарос“ во Париз, што му беше прв пат во кариерата. Тој е победник и на првиот грен слем сезонава, Австралија опен.

Со тоа тој стана прв тенисер по Џим Kуриер во 1992 што ги освоил првите два грен слема во една сезона.

Сега Србинот е на четвртото место по бројот на освоени грен слемови во кариерата со 12 титули вкупно. Тој се доближува до рекордот на Роџер Федерер од 17 титули.

Тој нема загубено меч на „Вимблдон“ од финалето во 2013 година, кога беше поразен од Енди Мареј.

Федерер е закрепнат од повредите, па тој ќе биде еден од конкурентите на Џоковиќ за освојување на трофејот.

Wimbledon1

Шансите не му се којзнае какви, но никогаш не смее да се отпише Швајцарецот.

Надал нема да игра на овој „Вимблдон“, поради повреда, а тоа го прави Енди Мареј главна закана за Ноле, особено откако за тренер повторно го зеде Иван Лендл, човекот што го водеше Шкотот до неговите две победи на грен слем-финалињата, обете против Србинот.

Стен Вавринка, кој е четврти носител, никогаш не го минал четврт-финалето на „Вимблдон“.

Но Вавринка порано има докажано дека може да го совлада Џоковиќ, а тоа го има докажано и Kеи Нишикори, кој е петти носител.

Kај жените, актуелната носителка Серена Вилијамс нема победено на финале на грен слем од победата на „Вимблдон“ лани. Таа секако ќе даде се од себе да ја зачува титулата.

Шпанката Гарбине Мугуруза е победничка на „Ролан Гарос“ и формата и е во подем, па ќе биде најсериозна конкурентка на Американката.

Во игра за титулата е и Агњешка Радванска, која има потенцијал, но досега во кариерата нема ниеден грен слем-трофеј.