Кошаркарите на Кливленд Кавалирс се новите шампиони на НБА лигата.
Кливленд синоќа нагости славеше победа во решавачкиот седми натпревар од финалето против бранителот на трофејот Голден Стејт Вориорс со 93-89.
Кавалирси беа предводени од кралот Леброн Џејмс, кој заврши со „трипл-дабл“ учинок од 27 поени, 11 скока и 11 асистенции и стигнаа до првата титула во клупската историја.
Леброн имаше поддршка и од Кајри Ирвинг кој заврши со 26 поени меѓу кои и тројка во последната минута од мечот која го најави крајот на надежта на Воините за евентуален пресврт.
Кај Голден Стејт најсветла точка беше Дрејмон Грин со 32 поени, 15 скока и 9 асистенции, додека послаб учинок од очекуваното имаа Стеф Кари кој постигна 17 и Клеј Томсон кој средбата ја заврши со 14 поени.
Кливленд е првиот тим кој до шампионскиот трофеј стигнал по негатива од 1-3 во победи, а со трите врзани во низа на крајот да остварат триумф со 4-3 во победи, нешто што не му успеало на ниту еден друг тим во НБА историјата.
Инсерти од мечот…