Три интересни средби се одибраа синоќа во рамките на 2.коло на Европското првенство во Франција.
Најпрво во соседското дерби, Англија со пресврт дојде до првата победа на европскиот шампионат против Велс со 2-1.
Головите Англија ги постигна во второто полувреме и тоа од резервистите Стариџ и Варди. Потегот кој англискиот селектор Рој Хоџсон го презема на полувремето се покажа исправен за неговиот тим кој на полувремето замина со резултатско заостанување од 1-0.
Најдобриот фудбалер на Велс, Гарет Бејл, како и против Словачка, во 42 минута, по фаулот кој го направи Вејн Руни, од слободен удар од повеќе од 30 метри биеше силно и прецизно, така што англискиот голман Џо Харт успеа само да ја допре топката.
Велс во второто полувреме одлучи да се брани, а Хоџсон почувствува дека треба да го освежи нападот и наместо Кејн и Стерлинг ги уфрли Варди и Стариџ.
И веќе во 56 минута најдобриот стрелец на новиот англиски шампион Лестер, Џејмс Варди го постигна израмнувачкиот погодок.
Во последната минута, и тоа од судиското продолжување Англија успеа да ги освои сите три бода.
Даниел Стариџ успеа низ деконцентрираната велшка одбрана да се пробие на само неколку метри од противничкиот гол и успеа да бие за водство на Англија од 2-1.
Англија сега е на врвот од табелата во Групата А со четири бодови, еден повеќе од Велс и од Словачка, додека Русија е последна со само еден бод.
Во последното коло на 20-ти јуни, на Англија и е потребен само еден бод против Словачка, а доколку остане така бод ќе му биде доволен и на Велс против Русија.
Инсерти од мечот…