Победата од 2-0 против Рома во Лигата на Шампиони и квалификацијата во понатамошниот тек се до некаде засенети од повредата на Давид Алаба. Тој на мечот ги повреди лигаментите на коленото и не се очекува на терените до крајот на оваа календарска година. Гвардиола вели дека тој е комплетен играч кој може да игра буквално на секоја позиција и дека ќе му недостасува додека е повреден. Од тимот се надеваат дека Алаба ќе може да се врати на натпревар по Божиќната пауза