Денеска на Роланд Гарос е предвидена „двојна“ програма од полуфиналето кај жените и мажите.
Ова значи дека жените ако нема дожд ќе играат денеска полуфинале и утре финале без ден одмор, додека мажите ќе можат да „одморат“ од жестокиот ритам и финалето со ден одмор ќе го играат в недела.
Во женските полуфинални мечеви ќе играат Серена Вилијамс – Кики Бертенс и Гарбине Мугуруза – Саманта Стосур.
Серена Вилијамс ја брани титулата освоена лани, а има вкупно три победи на Ролан Гарос, а Бертенс од Холандија го игра својот најдобар турнир бидејќи нејзин најдобар пласман досега на Грен слем турнир и беше 4. коло на Ролан Гарос во 2014 година.
Мугуруза ќе се обиде да се избори за своето второ Грен слем финале, а Стосур за своето второ финале на Ролан Гарос.
Вилијамс – Бертенс играат на теренот „Филип Шатрие“ (централен терен), додека Мугуруза – Стосур играат на теренот „Сузан Леглан“.
Кај мажите секако меч на денот е полуфиналето помеѓу Стен Вавринка – Енди Мареј.
Вавринка е бранител на трофејот, додека Мареј е втор носител и секако посакува конечно финале во Париз откако претходно загуби три полуфинални мечеви.
Во второто полуфинале ќе играат Новак Џоковиќ и Доминк Тием.
Џоковиќ има три финални меча на Ролан Гарос, но нема победа во нив, додека за Тием ова е најдобар резултат во кариерата.
Машките мечеви од полуфиналето Вавринка – Мареј ќе играат на централниот терен, додека Џоковиќ – Тием ќе играат на теренот „Сузан Леглан“.