Џоковиќ избори 1/2 финале на РГ, но можеше скапо да го чини овој потег!

Loading

Новак Џоковиќ се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, каде противник ќе му биде еден од најталентираните светски играчи Австриецот Доминик Тием.

novak-djokovic

Џоковиќ во четвртфиналето го победи лесно Томаш Бердих, а Тием во полуфиналето се пласира по дуелот со Давид Гофан.

Новак против Бердих ја забележа 24-та победа во 26-то соочување со чешкиот тенисер, но можеше да биде дисквалификуван, поради една помалку бизарана ситуација.

Во вториот сет Србинот лошо одигра на брејк топка, го фрли рекетот надевајќи се дека тој ќе му се врати во раката, но рекетот полета кон еден од линиските судии, но не го удри.

Според правилата доколку рекетот завршеше во судијата на Србинот ќе му следуваше дисквалификација, вака се извлече само со опомена.

Погледнете на линкот како изгледаше тоа…

http://video.eurosport.co.uk/tennis/french-open-men/2016/angry-novak-djokovic-hurls-racquet-could-ve-been-disqualified_vid808206/video.shtml