УЕФА одлучи, во европските купови нема да има косовски тимови!

Генералниот директор на фудбалскиот шампион на Косово, Фероникл, Артан Бериша рекол дека косовските клубови нема да играат во европските купови.

косово

Според него, УЕФА, нема да им дозоволи настап на клубовите бидејќи не ги исполнуваат условите за учество во натпреварувањата на УЕФА.

„Првиот критериум е поврзан со финансиската состојба, што подразбира ревизија и увид во сметките, а ние немавме време да се подготвиме бидејќи сѐ се случи во само неколку недели. Вториот критериум е инфраструктурата, која ја немаме.

,,Ние во наредните години ќе продолжиме да работиме за да ги исполниме сите критериуми, со што ќе стекнеме право за учество во европските купови“, рекол Бериша.

Инаку Фероникл требаше да настапи во квалификациите за ЛШ, а Приштина во квалификациите за Лига Европа.