Клубовите со најмногу играчи на Европското првенство 2016 во Франција се Ливерпул и Јувентус.
Тие ќе имаат по 12 фудбалери кои ќе истрчаат на теренот за најдобрите репрезентации во Европа.
Старата дама ќе ја претставуваат: Пол Погба и Патрис Евра (Франција), Леонардо Бонучи, Џорџо Челини, Симоне Заза, Стефано Стураро, Андреа Барзагли и Џанлуиџи Буфон (Италија), Стивен Лихштајнер (Швајцарија), Алваро Мората (Шпанија), Марио Манџукиќ (Хрватска) и Сами Кедира (Германија).
Кај Ливерпул се играчите: Кристијан Бентеке, Дивок Ориџи, Симон Мигнолет (Белгија), Џордан Хендерсен, Даниел Стариџ, Натаниел Клајн, Адам Лалана и Џејмс Милнер (Англија), Џо Ален, Дани Вард (Велс), Мартин Шкртел (Словачка) и Емре Кан (Германија).
Тотенхем трет со 11 играчи, а тоа се: Хари Кејн, Ерик Дајер, Кајл Вокер, Дани Роуз, Дејл Али (Англија), Тоби Алдервирелд, Јан Вертонген, Муса Дембеле (Белгија), Бен Давиес (Велс), Хуго Лорис (Франција) и Кевин Вимер (Австрија).
Во ТОП 10 клуба со најмногу играчи на ЕП 2016 се:
1. Ливерпул (12)
2. Јувентус (12)
3. Тотенхем (11)
4. Манчестер Јунајтед (10)
5. Баерн Минхен (9)
6. Барселона (9)
7. Фенербахче (9)
8. Реал Мадрид (8)
9. Арсенал (8)
10. Рома (8)