Генералниот секретар на УЕФА, гркот Теодор Теодорис најави дека новиот претседател на европската фудбалска асоцијација УЕФА ќе се избира на конгресот што ќе се одржи на 14 септември во Атина.
Неофицијално за најсериозни кандидати за наследник на Мишел Платини се споменуваат Шпанецот, Анхел Марија Виљар, Михаел ван Праг од Холандија и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Словенија, Александар Чеферин.
Крајниот рок за поднесување на кандидатурите е 20 јули.
Инаку актуелниот претседател на УЕФА Мишел Платини е суспендиран на 4 години од оваа функција, а и покрај жалбите до арбитражниот суд за укинување на истата, таа важи сега до 2020 година, по што французинот најави дека ќе си поднесе оставка.