Кари и компанија не дозволија ново изнандување на Оклахома, славеа со 118-91 за 1-1 во победи

Loading

Кошаркарите на актуелниот шампион Голден Стејт не дозволија уште едно изненадување на свој терен и славеа во вториот натпревар од финалето на западната конференција против Оклахома Сити.

голден-оклахома

Воините победија со 118-91 и израмнија на 1-1 во победи. Стеф Кари кај Голден Стејт постигна 28 поени, а шест други играчи имаа двоцифрен број поени.

Најефикасен на дуелот беше Кевин Дурент со 29 поени.

Следниот натпревар од финалето на западот се игра во недела на теренот на Оклахома Сити каде ќе се одиграа две средби.

голден-оклахома1

Вечерва пак се игра натпреварот број 2 од финалето на источната конференција помеѓу Кливленд и Торонто. Домаќин е Кливленд кој води со 1:0 во победи.

Видео инсерти од мечот…