Составот на Белгија за ЕУРО 2016

Loading

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Марк Вилмотс, го објави списокот со фудбалери со кои ќе настапи на Европското првенство во Фрaнција.

belgium1

Белгија ќе настапи без капитенот Венсан Компани, кој ќе пуазира 4 месеци поради повреда, а селекторот реши на спискот на резерви да ги остави Насер Чадли и Кевин Миралас.

Од 28. мај до 5. јуни, избраниците на Вилмотс ќе одиграат контролни натпревари против Швајцарија, Финска и Норвешка.

Голмани: Куртоа (Челзи), Мињоле (Ливерпул), Жиле (Мехелен);

Одбрана: Ломбартс (Зенит), Џордан Лукаку (Остенде), Денајер (Галатасарај), Вермален (Барселона), Вертонген (Тотенхем), Меније (Бриж), Енгелс (Бриж), Бојата (Селтик), Алдервирелд (Тотенхем);

Среден ред: Витсел (Зенит), Фелаини (Манчестер Јунајтед), Наингоилан (Рома), Дембеле (Тотенхем), Азар (Челзи), Де Брујне (Манчестер Сити), Мертенс (Наполи), Фереира Караско (Атлетико Мадрид);

Напад: Ориги (Ливерпул), Батшуаји (Марсеј), Ромелу Лукаку (Евертон), Бентеке (Ливерпул).

Белгија ќе игра во Е групата со Италија (13. јуни), Република Ирска (18. јуни) и Шведска (22. јуни).

белгија1