Разочарување, бламажа, уништени сонови, оставки, повлекувања…тоа е ракометна Македонија!

Loading

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги заврши настапите од олимписките квалификации.

obr-moj-laz

Конечно во 9-тиот меѓународен натпревар на македонската репрезентација стигнавме до победа откако претходно имавме 6 порази и 2 нерешени средби. Македонија ја победи селекцијата на Чиле со 30:27 со што одново олимпијата остана само сон.

Македонија загуби во воведните две средби од Полска и Тунис и се збогува со шансата за настап на едни олимписките игри.

Со Чиле Македонија играше со играчи кои во најголемиот дел имаа помала минутажа на претходните две средби.

Така, Никола Костески беше најефикасен со 6 постигнати голови, додека по четири придодадоа: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Филип Миркуловски и Наумче Мојсовски кој се прости од репрезентативниот дрес.

Македонија како трето пласирана ги заврши квалификациите во групата 1, во која меч за престиж и за првото место имаа Полска и Тунис што го добија пољаците со 28-24 и кои летово ќе играат на Олимпијадата во Рио.

mojso

По овој дебакл на ракометна Македонија, заминување од репрезентацијата најавија голем број играчи меѓу кои и капитенот Кирил Лазаров, оставка поднесе селекторот Ивица Обрван, а и претседателот Мукаетов исто така најави заминува од претседателската функција во федерацијата.

Ова се лоши моменти за македонскиот ракомет.