Фудбалерите на Глазгов Ренџерс од следната сезона повторно ќе бидал дел од шкотската Премиерлига.
Глазгов Ренџерс го совладаа Думбартон со 1:0, по што и матаметички обезбеди враќање во елитната лига на Шкотска.
Еден од најславните светски клубови и клуб со најмногу трофеи во историјата на фудбалот, пред четири години банкротира поради што беше префрлен во најнискиот ранг во шкотскиот фудбал.
По четири години конечно Ренџерси успееја и се вратија во Премиерлигата, што значи дека од наредната сезона Глазгов повторно ќе живее за големото дерби со Селтик.
Ренџерси имаат историја долга 144 години, 54 пати биле шампиони на Шкотска, 33 пати го освојувале Купот, а 27 пати Лига купот.
Минатата година во баражот не успееја да влезат во елитата, а оваа година на убедлив начин го сторија тоа со освојување на првото место во втората лига.