Легендарната формула 1 трка во Италија, Монца за последен пат ќе биде во календарот на Формула 1, а според италијанските медиуми, организаторите не можат да се договорат со Берни Еклстон, околу новиот договор.
Еклстон години наназад и се заканува на Монца, со исфрлање од календарот, откако ќе истече договорот, кој за него е поприлично неповолен, бидејќи содржи ниска финансиска побарувачка од организаторите.
83 годишениот сопственик на комерцијалните права побарал нов договор кој ќе му загарантира 25 милиони евра по сезона од организаторите, а домаќините не сакаат ниту да слушнат за тоа, бидејќи досега плаќале 5 пати помалку.
,,Се помалку има место за преговори” изјави Анџело Дамини, претседателот на италијанскиот Автоклуб.
Берни, минатата година најави дека наместо легендарната Монца, во календарот повторно би можела да влезе Имола или овие две патеки да се менуваат секоја втора година.