Трет син по ред доби кошаркарот Перо Антиќ!

Loading

Играчот на турски Фенербахче и поранешен капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија, Перо Антиќ стана татко по трет пат.

antic sin 2a

Тој и сопругата Ружица, станаа родители на уште едно машко дете кое ќе се вика Петар.

Перо радосната вест ја сподели на своите пријатели и фанови преку социјалната мрежа Facebook, каде изјави дека е горд татко на Лука, Павел и Петар!.

antic sin 2

„Ова утро по трет пат станав татко“, напишал Антиќ.

Двократниот европски шампион со Олимпијакос, се наоѓа во Загреб, каде вечерва со својот тим Фенербахче ќе го одигра мечот од 12.коло, во Топ 16 фазата, против Цедевита.

Перо Антиќ ќе заигра за прв пат по 29.јануари кога токму на првиот меч со Цедевита во Истанбул го повреди мускулот, поради што мораше да паузира 6 недели.

Indiana Pacers at Atlanta Hawks

Тој ја предводеше Македонија до најголемиот успех во репрезентативната кошарка кога во 2011 година на Евробаскетот во Литванија го освои 4-тото место.