Нико Ковач стана нов тренер на Ајнтрахт Франкфурт!

Loading

Бундеслигашкиот тим Ајнтрахт Франфурт му врачи отказ на тренерот Армин Вех, а раководството за нов шеф на стручниот штаб го назначи хрватот Нико Ковач.

nico

Поранешниот хрватски селектор, заедно со својот брат Роберт, потпишале договор до јуни 2017 година, а примарна цел на Нико Ковач и неговиот брат ќе биде Ајнтрахт да избори опстанок во Бундеслигата.

Тие во моментов се оддалечени само два бода од опасната зона, и со 24 бодови се наоѓаат на 16-то место на табелата.

Ајнтрахт се наоѓа во голема криза бидејќи нема победа на последните 7 натпревари.

nico1

Последен пат Ајнтрахт победил на 21.јануари, против Волфсбург со 3:2. Уверени сме дека ќе ја оствариме целта“, рекол претседателот на клубот Херберт Брухаген.

Ковач дебито ќе го има на 12.март, кога Ајнтрахт ќе и гостува на Борусија во Менхенгладбах.