Видео: Лејкерси со втора победа по ред, Портланд им се врати на победите!

Loading

Во НБА лигата се одиграа 6 натпревари.

nba

Лејкерси стигнаа до нова победа, каде на домашен терен го победија Орландо со 107:98, а најефикасни во победата на „езерџиите“ беа Д’Анџело Расел со 27, Џордан Кларксон со 24 и Џулиус Рендл со 23 поени, 11 скокови.

Демијан Лилард, го однесе Портланд до победа над Вашингтон по едно продолжение со 116-109 за прекинување на серијата од три порази по ред на Блејзерси.

Лилард постигна 41 поен, 11 асистенции и 5 скока, а одлично го надополни Си Џеј Меколум со 18 поени, вклучувајќи ги и поените на 5 секунди до крајот со кои го однесе мечот во дополнителните 5 минути.

Бруклин иако имаше предност од 16 поени на полувремето против Торонто но не успеа да победи.

На крајот Торонто славеше со 104:99. Брук Лопез имаше учинок од 35 поени, 5 скока, 3 асистенции и 7 блокади кај Бруклин недоволни за избегнување на поразот. Кај Торонто бековите Дерозан и Лаури дадоа по 25, односно 23 поени.

Атланта победи кај Јута со 91:84, а Џеф Тиг беше најефикасен со 24 поени, додека Пол Милсап уфрли 18 кошеви.

Денвер убедливо го порази Њујорк со 110:94. Центрите на Денвер одиграа одличен меч, Кенет Фарид забележа дабл-дабл од 24 поени и 10 скокови, а Никола Јокиќ забележа 20 поени и 9 скокови.

Кај Њујорк Каремело Ентони постигна 30 поени. Сан Антонио, без Данкан, Паркер и Џинобили, лесно се справи со Минесота нагости со 116-91. Ламаркус Олдриџ со 29 поени ги предводеше Спарси до победата.

За вечерва предвидени се 9 средби.