Арсенал, ќе биде значително ослабен во локалното градско лондонско дерби со Тотенхем
Станува збор за голманот Петр Чех кој поради повреда ќе го пропушти дербито на северен Лондон.
„Чех нема да настапи против Тотенхем. Имам голема доверба во Давид Оспина, а тимот мора што побрзо да се врати на победничките патеки“, изјавил Арсен Венгер.
Вториот голман Оспина, во Арсенал стигна по СП во 2014 година од редовите на Ница, но оваа сезона го загуби местото во стартниот состав откако на „Емирати“ пристигна Чех.
Колумбиецот оваа сезoна бранел на само 5 натпревари, но ниту еден од нив не е во Премиерлигата.
Арсенал и Тоттенхем во вонредното 28 коло загубија од Свонси и Вест Хем, а во пресрет на дербито Тотенхем е втор на табелата со три бода помалку од лидерот Лестер и три бода повеќе од третопласираниот Арсенал.