Македонија со максимални 3-0 ја победи Албанија во Дејвис купот!

Loading

Тениската Дејвис куп репрезентација на Македонија со максимални 3:0 ја совлада Албанија во дуелот од второто коло од групата Б од Третата Европска зона што се игра во Талин, Естонија.

davis cup macedonija1

Нашите тенисери во целост ја оправдаа фавористката улога каде во шестте одиграни сета три од нив завршија со 6:0 во гемови.

Најубедлив беше Јотовски, кој во двата сета на Шипеја не му дозволи да освои ниту еден гем.

Во вториот сингл меч Грабул го совлада Дече со 7:6 и 6:1, а во игра на двојки Јотовски и Србљак ги победија Шипеја и Сулстарова со 6:0 и 6:3 во гемови.

Во вториот дуел од групата Б Република Ирска ја победи Ерменија со 3-0.

davis cup macedonija

Денеска во дуелот за првото место во групата пласман во полуфиналето Македонија ќе игра против Република Ирска каде и двете селекции по двете кола имаат по две победи.