ФИФА доби нов претседател… Инфантино ќе го замени Блатер!

Loading

Џани Инфантино го наследи сонародникот Сеп Блатер како претседател на ФИФА по вонредниот конгрес на ФИФА.

infantino

Инфантино на претседателските избори доби 115 гласови од националните федерации, 27 повеќе од најблискиот ривал Шеик Салман бин Ебраим ал-Калифа, а Принцот Али бин ал-Хусеин и Жером Шампањ завршија на третото и четвртото место.

Блатер, кој ја предводеше ФИФА од 1998 година, се повлече минатата година, а подоцна беше и суспендиран на шест години од сите фудбалски активности поради нарушување на етичките правила на ФИФА.

45-годишниот Инфантино најави дека ќе ја исчисти репутацијата на ФИФА и соопшти дека ќе ги разгледа сите досегашни договори на Светската фудбалска куќа.

Веднаш по неговиот избор, швајцарското обвинителство отвори истрага околу продажбата на билети за светските првенства. Продажбата на карти за светските првенства е контроверзна тема со децении и се очекува новиот претседател да се зафати со проблемот.

Покрај истрагата за билетите, ФИФА ќе треба да реши уште 3 неколку горливи проблеми, како сомнителните исплати поврзани со Мундијалите во Германија и во Јужна Африка, како спорната продажба на ТВ-правата за светските првенства.

Новиот претседател ќе заработува помалку од Блатер, а ќе заработува помалку и од генералниот секретар на ФИФА, кој се уште не е избран.

Комитетот за компензации на ФИФА донесе одлука претседателот да има помала плата од генералниот секретар, бидејќи со реформите изгласани на вонредниот конгрес во петокот, многу од овластувањата на претседателот се пренесуваа да генералниот секретар.

За разлика од Блатер, на Инфантино, исто така, нема да му следуваат ниту бонуси.