Намалени суспензиите на Блатер и Платини!

Loading

ФИФА ги намали казните на доскорешниот претседател на оваа организација, Сеп Блатер и на претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

blater-platini

Па така осумгодишните суспензии за работа во фудбалот, Апелациониот комитет на ФИФА им ги намали на шест години.

Челниците на двете најголеми фудбалски организиции, кон крајот на минатата година беа суспендирани поради „нелојална исплата“ од 2 милиони долари.

Оваа сума на пари 79-годишниот Блатер, во 2011 година, му ја исплатил на Платини за консултаски работи извршени во периодот од 1998 до 2002 година.

ФИФА, наведува дека активностите во фудбалот, кои Блатер и Платини ги имале во изминатите години, заслужиле соодветно признание и дека тоа е олеснителна околност во овој случај.

Блатер и Платини имаат право оваа одлука да ја обжалат во судот за Спортска арбитража во Лозана.

Изборите за наследник на Сеп Блатер на чело на ФИФА, ќе се одржат утре во Швајцарија.