НБА: Воините ги оладиja жешките во Мајами, Оклахома до доби дербито со Далас!

Loading

10 натпревари се одиграа во НБА лигата.

Golden State Warriors v Miami Heat

Во дербито Голден Стејт стигна до нова потешка од очекувањата победа на гостувањето кај Мајами со 118-112. Двоецот Кари-Томпсон беа најзаслужни за победата откако погодија во клучните моменти.

Кари постигна 42 поени, додека Клеј Томпсон уфрли 33 поени. Мајми го предводеше Двејн Вејд со 32 поени, Хасан Вајтсајд оствари 21 поен и 13 скокови, додека Луил Денг имаше 16 поени и 11 скокови.

Оклахома славеше над Далас со 116:103. Кај Оклахома најефикасни со по 24 кошеви беа Дурент и Вестбрук.

Кајри Ирвинг и Леброн Џејмс постигнаа по 23 победи во триумфот на Кливленд над Шарлот од 114:103. Индијана славеше над Њујорк со 108:105, благодарение на Пол Џорџ кој даде 27 поени.

Торонто ја победи Минесота со 114-105, а Демар Дерозан даде 31 поен за Рептилите.

На другите натпревари: Детроит-Филаделфија 111:91, Мемфис-ЛА Лејкерс 128:119, Чикаго-Вашингтон 109:104, Сан Антонио-Сакраменто 108:92 и Денвер-ЛА Клиперс 87:81.

За вечерва предвидени се 6 натпревари.