Новак Џоковиќ, стигна до својата јубилејна 700-та победа во кариерата, откако го победи Малек Јазири со 2-0 во сетови 6-1 и 6-2 и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Дубаи.
Џоковиќ за пласман во полуфиналето ќе се бори со Шпанецот Фелисијано Лопез, кој славеше над Лукаш Росол од Чешка со 6:3, 7:6.
Српскиот тенисер води со 7-0 во меѓусебните дуели против Шпанецот, а тој минатата сезона го победи Лопез во четвртфиналето на УС Опен со 3:2 и на Мастерсот во Шангај со 2:0.
Повеќе победи од Џоковиќ моментално имаат само Роџер Федерер 1067 и Рафел Надал кој има 775 победи од активните играчи, додека севкупно се наоѓа на 12-тото место на листата на тенисери со најмногу победи во кариерата каде лидер е Џими Конорс со 1254.
Погледнете како Ноле ја прослави 700-тата победа во кариерата…