Актуелниот светскиот шампион во тешка категорија, британецот Тајсон Фјури, продолжува да ја тресе спортската јавност со тврдењата дека наскоро ќе се откаже од боксот.
Но сепак тој има една мисија, а тоа е да ги вкрсти ракавиците уште еднаш со Владимир Кличко, па со Ентони Џошуа и Деонте Вајлдер и потоа да ја заврши кариерата.
Тој призна дека не е оптимист за реванш борбата со Кличко, но британецот не знае кога и каде ќе биде натпреварот и се сомнева дека ќе се разберат со Украинецот.
„Сé уште нема закажано датум за борбата. Веројатно средбата ќе се одржи во текот на летото,,
,,Се уште не сум ги почнал подготовките, бидејќи не мислам дека ќе има средба во скоро време“, додаде Британецот кој сака пред да боксува уште еднаш со Клично да ја брани титулата со уште еден боксер.