Словенката Тамара Мавсар е најновото име кај македонскиот шампион ЖРК Вардар!

Македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар од следната сезона ќе биде засилена со уште една словенечка интернационалка, во името на Тамара Мавсар.

tamara

Тамара треба да пристигне од редовите на Крим Електра, а словенката ќе потпише двегодишен договор со „црвено-црните”.

Таа ќе игра на позицијата лево крило, а на оваа позиција ЖРК Вардар од идната сезона ќе ја има и норвежаната Камила Херем.

,, Да, договорив соработка со ЖРК Вардар и ќе бидам во Скопје во наредните две сезони,,

,, Жал ми е што го напуштам Крим, но сакав нов предизвик и верувам дека ја донесов вистинската одлука” изјави 24-годишната Мавсар.

Таа во ЖРК Вардар ќе и се придружи на својата сонародничка, Барбара Лазовиќ Врлец.