НБА ОЛ СТАР 2016: Ноќ на рекорди, збогување со Коби, а Западот славеше против Истокот!

Loading

Синоќа се одигра традиционалниот 65-ти ол стар натпревар на сите кошаркарски ѕвезди во НБА лигата.

kobe1

Дуелот во Торонто ќе биде запаметен по неколку работи, се срушија сите рекорди досега на ол стар мечевите, а секако ќе биде запаметен по последниот ваков настап што го имаше кошаркарот на Лејкерси, Коби Брајант кој по крајот на оваа сезона ќе замине во пензија.

olstar5 olstar4

На натпреварот до победата стигна Западот кој славеше над Истокот со 196-173, каде беа постигнати вкупно 369 поени што претставува рекорд во историјата на „ол стар“ натпреварите.

Најефикасен на теренот беше Пол Џорџ од Истокот со 41 поен додека кај Западот се истакна Расел Вестбрук со 31 поен и поради победата на тимот од Западот токму тој го доби признанието МВП, што за него е второ во кариерата и тоа освоено втор пат по ред што досега не се случило.

olstar2 olstar1 olstar3

Ден претходно се одиграа натпреварите во вештини, тројки и забивање, а до титулите стигнаа Таунс од Минесота победи во натпреварот во вештини, Клеј Томсон од Голден Стејт стана најдобар тројкаш, а Зек Левин од Минесота ја одбрани титулата најдобар забивач.

Western Conference's Russell Westbrook, of the Oklahoma City Thunder, slams dunks during the first half of the NBA all-star basketball game, Sunday, Feb. 14, 2016 in Toronto. (Mark Blinch/The Canadian Press via AP) MANDATORY CREDIT ORG XMIT: NSD131

west11

Следната година „Ол стар“ викендот ќе се одржува во Шарлот.