Лоран Блан останува на кормилото на францускиот шампион ПСЖ.
Тој го продолжи договорот до 2018 година, а информацијата беше објавена на официјалната интернет страница на парискиот клуб.
„Благодарност до клубот за довербата која ми ја укажува“, изјавил Блан, чии што договор истекуваше по завршувањето на оваа сезона.
Блан беше капитен на француската репрезентација, а со Франција стана светски првак во 1998 година.
Тој во ПСЖ го наследи Карло Анчелоти во 2013 година и со тимот од „Паркот на Принцовите“, во досегашниот мандат има освоено 2 титули во првенството на Франција и по една во Лига купот и францускиот Куп.
И оваа година ПСЖ веќе 90% е на пат да ја одбрани шампионската титула, откако по 25 натпревари во првенството има 24 бодови повеќе од најблискиот конкурент.
ПСЖ во осминафиналето во Лигата на шампионите, ќе игра против Челзи.