Македонија се враќа во Полска да ја заврши работата за настап на ОИ во Рио!

Loading

Светската ракометна федерација официјално ги соопшти домаќините на трите квалификациски турнири преку кои уште 6 репрезентации ќе изборат пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

makedonija rakomet

Македонската репрезентација за олимписка виза ќе игра во Гдањск, Полска, иако постоеше можност домаќин да биде и Тунис, а и Македонската ракометна федерација изрази подготвеност да го организира турнирот.

ИХФ сепак решила турнирот да се одржи во Полска, а покрај домаќинот и Македонија учесници ќе бидат Тунис и Чиле.

Пласман на Олимпијадата ќе изборат најдобрите две селекции на турнирот, кој ќе се одржува од 8 до 10 април.

Така јасно стана дека ракометарите ќе имаат историска шанса да станат првиот македонски национален екипен тим кој изборил пласман на едни Олимписки игри.

Чиле е аутсајдер во групата, а пред една година Македонија на СП лесно излезе на крај со Тунис.