Питлик замина од ЖРК Вардар, се враќа во Данска да го води Оденсе

Loading

Досегашниот консултант во тимот на ЖРК Вардар, Јан Питлик спогодбено го раскина договорот со клубот и замина во родната Данска.

pitlik1

На барање на Питлик клубот се согласил за негово предвремено заминување од семејни причини, а според договорот данецот требаше да остане во Скопје до јуни 2017 година и до крајот на оваа сезона.

Но двете страни се согласиле според кое Питлик може веднаш да ја продолжи кариерата во Данска каде што би бил поблиску до семејството, а пронајде и нов ангажман каде ќе биде тренер на Оденсе.

Искусниот стратег и екс селектор на Данска беше консултант на стручниот штаб што го предводи Индира Кастартовиќ.

ЖРК Вардар се подготвува за продолжение од сезоната во ЛШ и настапите во главната фаза каде на 6 февруари во Скопје гостува шведскиот тим Савехоф.